НЕ ГИ ПОЛЕВАЈТЕ БАВЧИТЕ И НИВИТЕ СО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ, АПЕЛИРААТ ОД СКОПСКИ „ВОДОВОД“

    НЕ ГИ ПОЛЕВАЈТЕ БАВЧИТЕ И НИВИТЕ СО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ, АПЕЛИРААТ ОД СКОПСКИ „ВОДОВОД“Деновиве температурите во Скопје се над 30 степени-Девојче се капе во фонтаната на споменикот на Александар Македонски. (Фото: Ѓ.Личовски)

    ЈП „Водовод и канализација“ апелира граѓаните рационално и внимателно да ја користат водата за пиење. Од таму нагласуваат граѓаните непотребно да не ја трошат водата од изворот Рашче за полевање бавчи и ниви.

    „Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, како и високите температури кои деновиве достигнуваат и над 30 степени апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови“, велат од „Водовод и канализација“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира