НЕ МОЖАМ ЈАС ДА ГИ НАПРАВАМ СИТЕ ПРОЕКТИ НА ВАШИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, СИ ИМААТ СВОЈ БУЏЕТ, ИМ РЕЧЕ АРСОВСКА НА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    НЕ МОЖАМ ЈАС ДА ГИ НАПРАВАМ СИТЕ ПРОЕКТИ НА ВАШИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, СИ ИМААТ СВОЈ БУЏЕТ, ИМ РЕЧЕ АРСОВСКА НА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕАрсовска рече дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира буџетот. (Фото: СДК.МК)

    Не сте конструктивни и сакате да го блокирате буџетот со несериозни амандмани, им рече градоначалничката Данела Арсовска на советниците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за Буџетот на Град Скопје за 2023. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ предложија амандман за реконструкција и изградба на улици во скопските општини за кои, како што рече советничката Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ, треба да се предвидат 35 милиони денари.

    Арсовска им рече дека овој амандман не може да се прифати бидејќи е несериозен и за да се реализира се потребни милиони евра, а не како што тие навеле 35 милиони денари.

    „Градот не може сето ова што сте го наредиле тука да го реализира во една година, овие проекти ги надминуваат можностите и буџетот на Градот. Не може Градот сите проекти на Ооштините да ги реализира, градоначалниците си имаат свој буџет и од него треба да реализираат проекти. Градот ќе помага, но не може се да им направи. Ние и досега помагавме ,но вашите градоначалници се фалат дека тие го реализирале, а не Градот. Ви беа прифатени 50 амандмани, но вие повторно поднесувате ваков амандан со кој го блокирате буџетот“, им рече Арсовска.

    И од Службата за финансии на Град Скопје рекоа дека ваков амандман не може да се прифати, бидејќи се загрозуваат другите ставки во буџетот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира