НЕ СУМ ПРИВРЗАНИК НА НАЈСТРОГИ БЛОКАДИ, НО АКО ТРЕБА ЌЕ ДОНЕСЕМЕ И ТАКВА МЕРКА ЗА КУМАНОВО, РЕЧЕ СПАСОВСКИ ЗА КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

    НЕ СУМ ПРИВРЗАНИК НА НАЈСТРОГИ БЛОКАДИ, НО АКО ТРЕБА ЌЕ ДОНЕСЕМЕ И ТАКВА МЕРКА ЗА КУМАНОВО, РЕЧЕ СПАСОВСКИ ЗА КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТАко тоа е мерка која ќе ја кажат епидемиолозите, ќе ја донесеме и таа мерка се со цел да го заштитиме здравјето и животот на луѓето“, рече Спасовски пред состанокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи, како претставници од Комисијата за заразни болести, денеска присуствуваа на состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, по нивното барање да се водеде 24-часовен 14-дневен карантин во Општина Куманово, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Притоа, Спасовки рече дека Владата ќе направи сè да го заштити здравјето на граѓаните на Куманово и ако стручните лица одлучат дека се потребни дополнителни мерки, тие ќе бидат донесени.

    „Има повеќе барања од општинските штабови, не само од Куманово за спроведување на карантин. Треба да се знае дека одлуките ги носиме врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и епидемиолозите и што тие препорачуваат. Сите мерки кои беа донесени се врз основа на тие препораки, бидејќи како Влада прво треба да ја слушнеме струката. Кога е тоа најефикасно и во кој момент треба да го правиме“, рече Спасовски пред состанокот.

    Тој додаде дека не е приврзаник на најстроги блокади, зашто компарацијата Дебар и Куманово – 9.000 и 120.000 жители – не е иста, но дека на Штабот ќе се дискутира за тоа прашања за целосно 24-часовно затваорање на Куманово.

    „Ако тоа е мерка која ќе ја кажат епидемиолозите, ќе ја донесеме и таа мерка се со цел да го заштитиме здравјето и животот на луѓето“, рече Спасовски.

    Градоначалникот Максим Димитриевски потсети дека Куманово со 235 болни, има најголем број на заболени и починати од коронавирус во државата и побара да се дејствува порестриктивно за да се спречи ширењето на заразата.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира