НЕГУВАТЕЛКА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, ДЕЦАТА И КОЛЕШКАТА ВО ИЗОЛАЦИЈА

    НЕГУВАТЕЛКА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, ДЕЦАТА И КОЛЕШКАТА ВО ИЗОЛАЦИЈАОстанатите групи во градинката продолжуваат со згрижување на децата. (Фото: СДК.МК)

    Негувателка од градинката во Свети Николе е позитивна на ковид-19, поради што во изолација одат нејзина колешка и децата од групата, а останатите групи продолжуваат со згрижување на децата.

    „Во текот на вчерашниот ден има позитивен случај на вработена во градинка. Тоа е негувателка. Поради тоа, групата деца која ја водела оди во изолација исто како и нејзината колешка“, соопшти Центарот за јавно здравје Велес, подрачна единица Свети Николе.

    Бројот на активни случаи во Свети Николе заклучно до вчера е 22 лица, а досега биле заразени 322. Дел од нив се сместени на Инфективно одделение од Велешката болница.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира