НЕКА НЕ СЕ СЕКИРААТ ГРАДЕЖНИЦИТЕ И СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ, ЌЕ СИ ГИ ДОБИЈАТ ПЛАНОВИТЕ ШТО СЕ ПОД МОРАТОРИУМ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌ

    НЕКА НЕ СЕ СЕКИРААТ ГРАДЕЖНИЦИТЕ И СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ, ЌЕ СИ ГИ ДОБИЈАТ ПЛАНОВИТЕ ШТО СЕ ПОД МОРАТОРИУМ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌГрадоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека 16 планови се во завршна фаза и се надева дека до крајот на неговиот прв мандат сите ДУП-ви ќе бидат донесени.(Фото: К.Попов)

    Само пет детални урбанистички планови донесе Општина Центар за речиси три години откако беше воведен мораториумот за градба. Со одлука на Советот на Општина Центар по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, на 27 декември 2017 беше донесен мораториум на градба, со кој беше стопирана реализацијата на 31 детален план. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека 16 планови се во завршна фаза и се надева дека до крајот на неговиот прв мандат сите ДУП-ви ќе бидат донесени.

    „Нека не се секираат градежниците и стопанските комори, ќе си ги добијат плановите, но преку јавна и транспарентна постапка, а не како во минатото кога планови се носеа во 5 наутро. Досега донесени се пет планови, 16 се во завршни фаза. Епидемијата на коронавирусот ги одложи работите бидејќи не можеа да се одржат јавни анкети и јавни презентации, не сум јас крив што се соочивме со таква ситуација. Јас ќе дадам сѐ од себе до крајот на мојот мандат да бидат донесени сите планови“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

    Богдановиќ очекува до крајот на годинава да биде донесен ДУП-от Мал ринг, во кој се наоѓаат спомениците од проектот „Скопје 2014“, Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза, за кои од Асоцијацијата на архитекти на Македонија и од Работната група за „Скопје 2014“ бараат да се отстранат од планот и да се урнат.

    „Споменикот на Мајка Тереза кој е единствен кој не е довршен е изграден се дадено одобрени. Треба да се преземат низа активности од повеќе институции за да се отстрани, во тек се тие постапки и кога ќе завршат јавноста ќе биде информирана“, вели Богдановиќ.

    Мораториумот кој пред речиси три години го донесе Општина Центар, на 20 март лани беше времено укинат од Уставниот суд, додека не се донесе одлука дали тој е законски донесен и во согласност со Уставот. Иницијативата за уставноста и законитоста на мораториумот до Уставен суд ја поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на северозападна Македонија.

    По ваквата одлука на Уставен суд, Општина Центар донесе нова одлука за мораториум со која Деталните урбанистички планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП), нема да се применуваат. Сите планови кои се ревидираат се спротивни на ГУП-от, па со тоа Општината не се издаваат дозволи за градба додека не бидат усогласени со Генералниот план односно не бидат донесени нови планови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира