НЕКА СИ ДОЈДЕ ГРУЕВСКИ ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА ДРЖАВАТА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА, РЕЧЕ ЗАЕВ ВО БИТОЛА

    НЕКА СИ ДОЈДЕ ГРУЕВСКИ ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА ДРЖАВАТА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА, РЕЧЕ ЗАЕВ ВО БИТОЛАПремиерот Зоран Заев денес доделени решенија за реализација на капитална инвестиции во износ од 101.797.260 денари од Програмата за рурален развој за Пелагонискиот Регион, а на земјоделци им беа доделени и првите картички за зелена нафта. (Фото: СДК.МК)

    „Ух, убаво е да дојде. Нека дојде, треба помош во државата. Помош е и кога ќе си ја реализирате казната“, рече премиерот Зоран Заев од Битола, запрашан за коментарот на Груевски на Фејсбук дека поради состојбите во државата му доаѓало да дојде и да помогне.

    „Сите испраќаме порака на одговорност, па ете испраќам недвосмислена порака нека се врати дома“, рече Заев.

    За средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, Заев рече дека се работи за двајца претседатели на политички партии од десницата кои логично е да се сретнуваат.

    „Но, убаво е да се споделат сите детали со јавноста, како што тоа е обврска на сите јавни личности од таквите средби. Јас верувам дека таа средба може да придонесе кон зајакнување на пријателството на Северна Македонија и Унгарија“, рече премиерот.

    Запрашан дали Владата дала поддршка на акциониот план на Меѓународниот сојуз кога Бојан Јовановска остварил средба со него во 2017 година, Заев рече дека се сеќава на средбата на која му кажале кои се условите за изградба на старски домови. Тој рече дека Владата е отворена за сите, но се случувало некои да ги злоупотребат или употребат тие средби.

    „Владата е отворена за сите, ние симболично ги тргнавме и оградите. Секој граѓанин се прима во Владата дел од мене лично, дел од мојот кабинет, советниците, министрите зашто секоја идеја сакаме да ја преточиме во реализација. Јас се сеќавам на состанокот кој беше за отворање простор за реализација на старски домови. Нормално како сите граѓани така и господинот Бојан Јовановски беше упатен на постапките согласно закон, тоа значи да се обезбеди локација во општините, да се аплицира со проекти, да се добијат одобренија за градба, Министерството за труд и социјални политика кога дава одобрение за старски дом, кои се стандардите што треба да се исполнат. Му беа кажани условите што треба да се исполнат. Владата секојдневно прима луѓе, не е првпат да излегле случаи тоа да се злоупотреби, употреби и сличен начин. Но за тоа постојат истрагите кои треба да ги утврдат сите докази, аргументи, секој што се огрешил пред законот да си одговара“, рече Заев.

    Покрај ова додаде дека на битолскиот, струмичкиот, охридскиот и скопскиот регион им требаат старски домови, па до крајот на годината ќе се инвестираат средства преку 100 милиони евра преку нови кредитни линии за таа намена, дури и државата ќе гради старски домови во одредени региони.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира