НЕКОИ БИТОЛЧАНИ ИСПАРИЛЕ ОД СПИСОКОТ, А КАЈ ДРУГИ ОД ПАРТИЈА ИМ СЕ ЈАВУВАЛЕ ЗА ДА ГЛАСААТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕКОИ БИТОЛЧАНИ ИСПАРИЛЕ ОД СПИСОКОТ, А КАЈ ДРУГИ ОД ПАРТИЈА ИМ СЕ ЈАВУВАЛЕ ЗА ДА ГЛАСААТ

     

    Од подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Битола потврдија дека имаат пријави на граѓани кои пред заклучувањето на Избирачкиот список на 11 ноември годинава биле на списокот, а сега ги нема.

    „Дваесет и четири години гласам на истото место, а денес ме нема на избирачкиот список. Како е тоа можно“, реагираше денеска битолчанецот Само Шерифовски откако не можеше да го оствари правото на гласање на предвремените парламентарни избори. „Живеам на улица „Караорман“ број 111 и редовно гласам во училиштето ‘Ѓорги Сугарев’, а денес одеднаш испарив од списокот“, вели Шерифовски. Истиот проблем го имаше и битолчанката Лилјана Ангелковака која пред две години се вратила од Шведска, пријавила место на живеење, извадила лична карта, а сепак на списокот ја немаше.

    „Јас сум болна жена, не можам да се влечкам прво до избирачкото место, па до Општинската изборна комисија, па до некоја друга канцеларија на ДИК. Останав по улици, а ништо не може да се направи и не можам да гласам“, вели Ангелковска.

    В.д. заменик Народен правобранителот во Битола Лилјана Илиевска (Фото: СДК.МК)

    В.д. заменик Народен правобранителот во Битола Лилјана Илиевска (Фото: СДК.МК)

    В.д. заменик Народен правобранителот Лилјана Илиевска го посочи примерот на битолчанка  мажена во Ресен: „Ја променила адресата на живеење, извадила нова лична карта согласно законските прописи, но фактичката состојба денес е што не се наоѓа на избирачкиот список во Ресен, туку во Битола  со новото презиме, но со адресата на родителите. Со тоа ѝ е ускратено избирачкото право“, вели Илиевска.

    Таа укажува и на друг пример на граѓанин кој пред две години се вратил од Австралија, пријавил живеалиште  и извадил лична карата во Битола, бил на избирачкиот список,а денес кога отишил да гласа не го нашле неговото име на списокот.

    „По извршената проверка во ДИК е пронајден во избирачкиот список во Австралија. И самиот човек не знае кој е тој што го пријавил како повторно да е иселен од Македонија“, вели Илиевска.

    Битолчани до подрачната канцеларија на Народниот правобранител пријавиле и телефонски јавувања од политичка партија која ги терала да излезат на гласање. „Граѓаните реагираат дека се нон-стоп, кажано во нивен речник, малтретирани од политичка партија  со постојано телефонско јавување на нивните домашни или мобилни телефонски броеви, со барање да излезат и да гласаат“,  вели Илиевска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира