НЕМА СЕДЕЊЕ НА КЛУПИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР, ПОКРИЕНИ СЕ СО КЕСИ ЗА ДА НЕМА ГРУПИРАЊЕ

    НЕМА СЕДЕЊЕ НА КЛУПИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР, ПОКРИЕНИ СЕ СО КЕСИ ЗА ДА НЕМА ГРУПИРАЊЕОд Општината соопштија дека воведуваат нови мерки за зголемена безбедност на граѓаните и спречување од дополнително ширење на вирусот КОВИД-19. (Фото: Општина Центар)

    Клупите во парковите и на јавните површини низ Општина Центар се покриени со кеси, за да нема собирање и групирање на граѓани. Од Општината соопштија дека воведуваат нови мерки за зголемена безбедност на граѓаните и спречување од дополнително ширење на вирусот КОВИД-19.

    „Денеска спроведовме акции за затворање и забрана за користење на јавната урбана опрема на територијата на Општина Центар. Клупите за седење ќе бидат покриени и заштитени, за да се овозможи спречување и користење на урбаната опрема за време на дозволениот час за движење на граѓаните“, велат од Општина Центар.

    Според мерките кои беа донесени на денешната владина седница, од 16 часот в четврток се забранува движење во паркови, шуми и излетнички места. За Велигден полицискиот час ќе трае од петок во 16 до вторник во 5 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира