НЕМА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19 МЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДИНКИТЕ ВО ТЕТОВО, ПОКАЖА СКРИНИНГОТ

    НЕМА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19 МЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДИНКИТЕ ВО ТЕТОВО, ПОКАЖА СКРИНИНГОТСкринингот на 150 вработени во градинките и центрите за ран детски развој во Тетово, Џепчиште, Нераште и Боговиње почна да се прави од 26 мај од Центарот за јавно здравје. (Фото: СДК.МК)

    По извршениот неколкудневен скриниг врз вработените во тетовските градинки, констатирано е дека нема ниту еден кој е позитивиен на КОВИД-19. Скринингот на вработените во градинките и центри за ран детски развој почна да се прави од 26 мај од Центарот за јавно здравје во Тетово.

    „Вчера ги добивме и официјалните резултати од Центарот за јавно здравје од скринингот кој беше направен врз сите 150 вработени од градинката ‘Младост’ од Тетово кој опфаќа 6 центри за ран детски развој, 5 градинки во Тетово и градинките во селата Џепчиште, Нераште и Боговиње. Резултатите покажаа дека меѓу вработените нема ниту еден кој е позитивен на КОВИД-19. Исто така, во изминативе денови надлежните служби од Општина Тетово извршија дезинфекција на надворешните и внатрешните простории на градинките и центрите. Со ова, ние сме подготвени за почеток со работата и само ја чекаме одлуката од Министерството. Од телефонската анкета која ние ја направивме, утврдивме дека 148 родители се пријавија дека веднаш, откако ќе се отворат градинките, ќе ги прата своите деца“, рече директоркаат на градинките „Младост“ Рамие Даути.

    Како една од превентивните мерки за здравствена заштита од КОВИД-19, во градинките „Младост“ од 1 јуни започна нова постапка за поднесување барања за упис на деца која се одвива по електронски пат.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира