НЕВРЕМЕТО УРНА ДРВЈА И ОШТЕТИ ПОКРИВИ ВО ВЕЛЕС

    НЕВРЕМЕТО УРНА ДРВЈА И ОШТЕТИ ПОКРИВИ ВО ВЕЛЕССе урнаа три дрвја на различни локации. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево после 16,30 часот Велес го зафати невреме проследено со силен ветер и пороен дожд, при што се урнаа три дрвја на различни локации. Паднатите стебла го отежнуваат сообраќајот, а едното од дрвјата паднало врз автомобил.

    Во населба Керамидна има оштетено покриви од невремето и силниот ветер. Тој однел и два блока од кровот на поранешен Монопол, кои паднале на Железничката станица во Велес, на пругата. Вработените на Македонски железници ги отстраниле, за да непреено се одвива редовниот сообраќај на патничкиот воз од Гевгелија за Скопје.

    Во овој период досега нема реакции од граѓани кои се јавиле до Центарот за управување со кризи (ЦУК) за штети предизвикани од невремето. Од ЦУК велат дека интервенирала екипата на Пожарната за запалено сено во село Караслари, кој за кратко бил локализиран, а таму имало и падната бандера.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира