НИЕ ГО ЧИСТИМЕ СКОПЈЕ, АМА ГРАЃАНИТЕ ПРАВАТ ДЕПОНИИ ПОКРАЈ КОНТЕЈНЕРИТЕ, ВЕЛАТ ОД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

    НИЕ ГО ЧИСТИМЕ СКОПЈЕ, АМА ГРАЃАНИТЕ ПРАВАТ ДЕПОНИИ ПОКРАЈ КОНТЕЈНЕРИТЕ, ВЕЛАТ ОД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“Од почетокот на годинава се исчистени 150 диви депонии.(Фото: Комунална хигиена)

    Секој ден се соочуваме со масовно фрлање ѓубре на јавни површини низ Скопје, велат од ЈП „Комунална хигиена“. Од претпријатието велат дека тие редовно ги празнат контејнерите, но секој ден има купишта ѓубре и околу нив.

    Во периодот јануари-јуни 2024 година, екипите на претпријатието подигнаа и транспортираа вкупно 2.500 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Интервенирано е во сите скопски општини, при што се отстранети приближно 150 диви депонии. Основната дејност на ‘Комунална хигиена е собирањето и транспортот на комуналниот отпад од домаќинствата и правните субјекти, коишто континуирано се реализираат седум дена во неделата, согласно оперативниот план. Покрај своите редовни активности, вработените се секојдневно максимално ангажирани за извршување вонредни акции, како што е расчистувањето диви депонии коишто настануваат како резултат на непрописното и несовесното одлагање отпад на јавните и на сообраќајните површини“, велат од „Комунална хигиена“.

    Од претпријатието апелираат до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови, контејнерите, кантите или корпите за отпадоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира