НИЕДЕН ВРАБОТЕН ВО РЕК БИТОЛА НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ РАБОТА СО ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ПРОИЗВОДСТВО ОД ЈАГЛЕН НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ

    НИЕДЕН ВРАБОТЕН ВО РЕК БИТОЛА НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ РАБОТА СО ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ПРОИЗВОДСТВО ОД ЈАГЛЕН НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИОколу 310 милиони евра ќе чини трансформацијата во производството на РЕК Битола. (Фото: СДК.МК)

    Транформацијата на РЕК Битола од производство на струја на јаглед до обновливи извори на енергија ќе чини околу 310 милиони евра. Таа инвестиција треба да опфати изградба на когенеративна гасна централа која со работа би започнала сезоната 2025/26 година и изградба најпрво на три фотонапонски електрани, а потоа дополнително уште две. Нема ниеден вработен од РЕК да остане без работа при трансформацијата на енергијата од јаглен на обновливи извори, рече генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

    Тој вели дека дел од средствата ќе бидат обезбедени од компанијата и државата, а другите преку грантови.

    „Пари има и треба да се пронајдат, дел ќе бидат сопствени средства на акционерското друштво ЕСМ, дел од буџетот на Владата, но поголем дел ќе ги обезбедиме од грантови и поевтини кредити за обновливи извори на енергија. Зеленото сценарио бара многу инвестиции, но има такви, евтини пари, како што јас ги нарекувам, за да бидат вложени во зелената енергија“, вели Ковачевски.

    Тој кажа дека паралелно, како што ќе се градат новите енергетски капацитети, така ќе се врши и социјалната транзиција на вработените.

    „Во гасната електрана ќе останат голем дел од вработените, а и фотонапонските електрани по принципот на јавно-приватно партнерство ќе преземат дел од вработените. Ќе подготвиме и социјални пакети со поддршака на државата и фондовите. Сметам дека транзиција нема да предизвика и социјален проблем кај вработените’’, рече Ковачевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира