НОВАТА УЛИЦА ЕСЕНИНОВА ОД 730 МЕТРИ КОЈА ТРЕБА ДА ГИ ПОВРЗЕ АЕРОДРОМ И КИСЕЛА ВОДА, ГОДИНА И ПОЛОВИНА СТОИ НЕЧЕПНАТА

    НОВАТА УЛИЦА ЕСЕНИНОВА ОД 730 МЕТРИ КОЈА ТРЕБА ДА ГИ ПОВРЗЕ АЕРОДРОМ И КИСЕЛА ВОДА, ГОДИНА И ПОЛОВИНА СТОИ НЕЧЕПНАТАОткако на градоначалничката функцијата дојде Данела Арсовска и овој проект е стопиран и нема никакви активности за негова реализација.(Фото: СДК.МК)

    Новата улица Есенинова која треба да ги поврзе општините Аеродром и Кисела Вода уште не е готова и не е пуштена во употреба. Откако на градоначалничката функцијата пред година и половина дојде Данела Арсовска и овој проект е стопиран и нема никакви активности за негова реализација. Трасата на најголем дел од улицата е пробиена и асфалтирана, останува да се доврши уште мал дел, но градежни актиовности нема.

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вели дека исто како на булеварот Борис Трајковски така и на улицата Есенинова нема никакво движење на работите.

    „Требаше да се направи измена на проектот во делот кај бунарите, но еве уште не се направени. И ние правиме измени на проекти, но тоа не се процеси кои траат со години, туку се решаваат за максимум два до три месеци. Не знам зошто не се довршува улицата, се обидуваме да добиеме одговори од Градот, но залудно“, вели Ѓорѓиевски.

    Град Скопје почна со пробивање и изградба на улицата Есенинова во агуст 2020 кога градоначалник беше Петре Шилегов. Тогаш Шилегов кажа кажа дека ќе биде готова до крајот на 2021 година.

    Според проектот, новата улица ќе биде во должина од 730 метри, ќе почнува од Кисела Вода кај Рампа покрај пругата кон амбулантата „Пролет“ и ќе излегува на булеварот Трета македонска бригада во Општина Аеродром.  Ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада. Со изградба на оваа улица ќе се намалат гужвите кај „Тутунски комбинат“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира