НОВИ ЦВЕТНИ АРАНЖМАНИ ВО ПАРКОВИТЕ ВО НОВО ЛИСИЧЕ И КОЗЛЕ СО ДОНАЦИЈА НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ

    НОВИ ЦВЕТНИ АРАНЖМАНИ ВО ПАРКОВИТЕ ВО НОВО ЛИСИЧЕ И КОЗЛЕ СО ДОНАЦИЈА НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕЦветните аранжмани се во форма на бројот 8 и се посветени на жените. (Фото: СДК.МК)

    Стопанска банка АД-Скопје заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ засади цветни аранжмани на две урбани локации во Скопје, со кои дополнително го уреди и освежи просторот. Цветните аранжмани се во форма на бројот 8 и се посветени на жените.

    „Во консултација со стручните градски служби од Град Скопје, еден цветен аранжман е засаден во Рајскиот парк во Ново Лисиче, а другиот во паркот Македонија 2 во населбата Козле. Станува збор за петметарски цветни аранжмани, секој составен од 800 пролетни садници во различни бои кои го разубавуваат урбаниот градски пејзаж. Преку засадувањето на цветните аранжмани, Стопанска банка АД-Скопје сака на симболичен начин да ја изрази својата благодарност за посветеноста на жените во секој аспект од живењето и инспирацијата што им ја даваат на останатите, но и да им овозможи на сите граѓани да уживаат во убаво уреден јавен простор“, велат од Стопанска банка АД-Скопје.

    Стопанска банка вели дека преку своите активности продолжува посветено да работи на унапредување на заедницата и развој на решенија кои овозможуваат поквалитетен живот за сите граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира