НОВОРОДЕНЧИЊАТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИВААТ ДРВО СО НИВНО ИМЕ

    НОВОРОДЕНЧИЊАТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИВААТ ДРВО СО НИВНО ИМЕРодителите кои сакаат нивното дете да има дрво на кое ќе стојат неговите податоци ќе можат да се пријават во Град Скопје, а ќе се засади во текот на сезонските акции за зазеленување на градот.-Градоначалникот Петре Шилегов денеска потпиша меморандум за спроведување на проектот со гинеколошко-акушерските клиники во Скопје (Фото: Град Скопје)

    За секое новороденче во Скопје ќе се засади дрво, најави денеска градоначалникот Петре Шилегов.

    Родителите кои сакаат нивното дете да има дрво на кое ќе стојат неговите податоци ќе можат да се пријават во Град Скопје, а ќе се засади во текот на сезонските акции за зазеленување на градот. По напуштање на гинеколошката клиника, родителите ќе треба да го пријават добиениот кодот на телефонскиот број 071/395-395, каде што потоа ќе ги добијат дополнителните информации.

    „Заедно со гинеколошко-акушерските клиники и ЈП ’Паркови и зеленило‘ ја почнуваме реализацијата на проектот ’Дрво за секое дете‘. Преку овој проект, им овозможуваме на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови. На дрвото ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Низ годините, секој што засадил дрво ќе може да го следи растот на дрвото заедно со неговото дете“, рече Шилегов.

    Проектот ќе започне месецов односно првите дрва со име на новороденчињата ќе се засадат во текот на пролетната акција за зазеленување на Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира