НОВОЗАБОЛЕНАТА СО КОВИД-19 РАБОТИ ВО ФАБРИКА ВО БИТОЛА, НО СЕ ЗАРАЗИЛА ОД СОПРУГОТ

    НОВОЗАБОЛЕНАТА СО КОВИД-19 РАБОТИ ВО ФАБРИКА ВО БИТОЛА, НО СЕ ЗАРАЗИЛА ОД СОПРУГОТСтанува збор за жена вработена во фабрика во Битола, која не се заразила на своето работно место, туку преку својот сопруг кој е претходно дијагностициран позитивен на вирусот. Сите нејзини контакти се комуницирани и ќе бидат ставени во изолација, соопштија од Министерството за здравство; - Дезинфекција во Битола. (СДК.МК)

    Жена вработена во фабрика во Битола е новиот дијагностициран случај позитивен на КОВИД-19 во Битола. Не се разболела на работното место, туку во семејството.

    „Станува збор за жена вработена во фабрика во Битола, која не се заразила на своето работно место, туку преку својот сопруг кој е претходно дијагностициран позитивен на вирусот. Сите нејзини контакти се комуницирани и ќе бидат ставени во изолација“, соопштија од Министерството за здравство.

    Во Битола активни случаи со коронавирус има 8, а вкупниот број на заболени од појавата на вирусот е 35, од кои две лица починаа. Во текот на денот, се очекува да пристигнат резултатите од брисевите земени од лица кои биле во контакт со заболениот болничар од Клиничката болница во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира