ОБЕЗБЕДЕНИ НАД МИЛИОН ЕВРА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА

    ОБЕЗБЕДЕНИ НАД МИЛИОН ЕВРА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛАОва ќе биде прва темелна реконструкција на затворот откако е изграден пред половина век. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за правда обезбедило над милион евра, средства за реконструкција на затворот „Црн мост“ во Битола, соопшти претседателот на битолскиот Совет, Валентин Груевски.

    Министерството, за реконструкција на овој објект, стар половина век, обезбедило 1,1 милион евра. Груевски рече дека и општината ќе ја помогне реконструкцијата со тоа што ќе го ослободи Министерството за правда од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште.

    Со реконструкцијата се очекува да се подобрат условите во затворот на кои во изминатите години затворениците се жалеа. Ова ќе биде прва темелна реконструкција на затворот откако е изграден.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира