ОБНОВЕНИОТ ПАТ ВЕЛЕС-ЕЗЕРО МЛАДОСТ Е МЕЃУ ПОДОБРИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПАТИШТА ВО ЕВРОПА, РЕАКЦИИТЕ НА ЈАВНОСТА СЕ НЕОПРАВДАНИ, ВЕЛИ БИТИЌИ ОТКАКО ВЕЛЕШАНИ ИЗМЕРИЈА ДЕКА Е ПОТЕСЕН ЗА ЕДЕН МЕТАР

    ОБНОВЕНИОТ ПАТ ВЕЛЕС-ЕЗЕРО МЛАДОСТ Е МЕЃУ ПОДОБРИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПАТИШТА ВО ЕВРОПА, РЕАКЦИИТЕ НА ЈАВНОСТА СЕ НЕОПРАВДАНИ, ВЕЛИ БИТИЌИ ОТКАКО ВЕЛЕШАНИ ИЗМЕРИЈА ДЕКА Е ПОТЕСЕН ЗА ЕДЕН МЕТАРНа обновениот пат и натаму нема хоризонтална сигнализација (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот Фатмир Битиќи го фалеше новоасфалтираниот пат Велес-езеро Младост, откако заедно со министерката за животна средина Каја Шукова беа да проверат дали реакциите на јавноста се оправдани. Утврдиле дека се неоправдани.

    Според информациите на ЈП за државни патишта, патот е направен според сите законски прописи. Можеби поради конфигурацијата на теренот на одредени делови изгледа дека е потесен, но во другите делови ги исполнува стандардите. Се радувам што после толку години патот е рехабилитиран. Тој е побезбеден, посигурен и со нови можности за развој на туризмот. Тој е еден од подобрите патишта што го имам видено во Европа кои носат до туристичка дестинација“, кажа Битиќи.

    Мерењата што ги изврши членот на Советот на Општина Велес, Игор Смилев, покажаа дека патот е широк меѓу 4,40 и 4,60 метри, наспроти потребните 5,50 метри. 

    Битиќи рече дека доколку се сака патот да биде со поголема брзина за возилата, треба да се изврши негова категоризација и да не биде регионален.

    Од друга страна, возачите посочуваат дека обновениот регионален пат Велес-Градско е обележан со хоризонтална сигнализација, а патот од Велес кон езерото Младост не е обележан.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира