ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВРШИ УВИД ВО РУДНИКОТ БУЧИМ КАДЕ ЗАГИНАА АЛПИНИСТИТЕ МАЈСТОРСКИ И СТАНИШКОВ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВРШИ УВИД ВО РУДНИКОТ БУЧИМ КАДЕ ЗАГИНАА АЛПИНИСТИТЕ МАЈСТОРСКИ И СТАНИШКОВЗоран Мајсторски беше еден од столбовите на македонскиот алпинизам. (Фото: МАФ)

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш заедно со увидна екипа, кримтехничар од Министерството за внатрешни работи и инспектори за труд и безбедност при работа извршија увид во рудникот Бучим, работна единица Флотација, каде вчера околу 11.50 часот загинаа алпинистите Зоран Мајсторски и Драган Станишков од Радовиш, а едно лице е повредено. Мајсторски беше еден од столбовите на македонскиот алпинизам кој остави значителен алпинистички траг, соопшти Македонската алпинистичка федерација .

    Како што соопшти Обвинителството, според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси високи по 25 метри, со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча“, на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор помеѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.

    „Во текот на увидот, по дадени насоки и наредби од Обвинителството, извршено е фотографирање на самото место на настанот. Обезбедени се затекнатите траги и предмети. Идентификувани се и извршен е разговор со лицата присутни на местото на настанот. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на техничката документација за силосите, целокупната документација за ангажманот на алпинистичкиот клуб ‘Плоча’, правилниците за работа на работната единица Флотација. Издадена е и наредба за вршење на обдукција на телата на починатите. Забрането е работењето на тој дел од рудникот и ќе биде обезбедуван од полициски службеници, за да по дадена наредба од обвинителството на 14.10.2021 година се продолжи со вршење на увид на самото место со присуство на техничка инспекција со рударски инженери“, соопшти Обвинителството и додаде дека Основното јавно обвинителство Радовиш презема и други дејствија за откривање на причините за несреќата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира