Скопјани покажаа дека сакаат промени, кажа кандидатката за градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Според досегашните обработени податоци на Државната изборна комисија (ДИК), по првиот круг на Локалните избори Арсовска води со плус 5.000 гласови пред актуелниот градоначалник од СДСМ Петре Шилегов.
Арсовска вели дека е сигурна оти во вториот изборен круг ќе извојува победа, бидејќи резултатите покажале дека на граѓаните им е доста од празни ветувања.
„Скопје денеска го огреа сонце, се покажа дека граѓаните сакаат модерно Скопје и подобро место за живеење. Очекувам победа во вториот круг со поддршка од сите кандидати кои учествуваат во трката за градоначалник на Скопје, рече Арсовска.
На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК, колку партиските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои ја поддржаа на изборите ќе ги диктираат нејзините политики ако биде градоначалничка на Скопје, Арсовска рече дека нема намера да се занимава со политика.
А. АНТЕВСКА