ОД ДЕНЕС БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ДВОЈНО ПОСКАП ПАРКИНГ, ГРАД СКОПЈЕ ГИ АКТИВИРА МЕРКИТЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО

    ОД ДЕНЕС БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ДВОЈНО ПОСКАП ПАРКИНГ, ГРАД СКОПЈЕ ГИ АКТИВИРА МЕРКИТЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТОИзминативе два дена мерните станици низ Скопје покажуваа присуство на над 500 микрограми ПМ10 честички на метар кубен во воздухот.(Фото: СДК.МК)

    Од денеска во 12 часот се воведе бесплатно возењето во јавниот превоз, двојно е зголемена цената на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ и стопирани се градежните работи, како дел од мерките на Град Скопје против загадувањето на воздухот.

    Откако два дена по ред во Скопје присуството на ПМ10 честичките во воздухот го надмина прагот од 188 микрограми на метар кубен, Град Скопје ги воведе мерките. Изминативе два дена, мерките станица низ Скопје покажуваа присуство на над 500 микрограми ПМ10 честички на метар кубен во воздухот.

    „Град Скопје ги прекинува сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност. Ги повикувам сите градоначалници од Општините во Град Скопје, да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност. Град Скопје изминатите недели вршеше интензивен инспекциски надзор на инсталациите што се во негова надлежност со мерење на емисии во воздух. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли дали дистибутерите ја почитуваат одлуката за дотур на стока после 18 часот“, рече портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху.

    Од Град Скопје велат дека цела година работеле против загадувањето, но потребна е поголема вклученост и на другите институции и на граѓаните.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира