ОД ДЕНЕСКА ПОВТОРНО РАБОТИ БАЗЕНОТ ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ВО СКОПЈЕ, САНИРАН ДЕФЕКТОТ

    ОД ДЕНЕСКА ПОВТОРНО РАБОТИ БАЗЕНОТ ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ВО СКОПЈЕ, САНИРАН ДЕФЕКТОТДиректорот Петровски тврди дека базенот нема да биде затворен и покрај енергетската криза. (Фото: СЦ „Борис Трајковски“)

    Од денеска, повторно е отворен базенот во рамките на ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Базенот беше затворен на 20 јануари поради дефект на системот за греење на водата.

    Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Александар Петровски вели дека делот кој беше расипат за кратко време е набавен од Турција, монтиран и базенот повторно е отворен за посетители и спортски клубови.

    „Продолжуваме со нормална работа како изминатиов период. Дефектот беше поправен најбрзо што беше можно, со оглед на тоа дека делот го нарачувавме од Турција“, вели Петровски.

    Поради енергетската криза и спортскиот центар се соочува со зголемени сметки за струја. Петровски тврди дека базенот нема да биде затворен како оној во Куманово.

    „Досега сами ги подмирувавме сите сметки. Можеби во иднина ќе ни треба мала помош од Владата, но уверувам дека спортскиот центар нема да се затвори“, додава Петровски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира