ОД ФЕВРУАРИ НОВИТЕ КОВИД БОЛНИ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ВО МОНТАЖНАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП, ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ СЕ РЕНОВИРА

    ОД ФЕВРУАРИ НОВИТЕ КОВИД БОЛНИ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ВО МОНТАЖНАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП, ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ СЕ РЕНОВИРАМонтажната болница во Штип ќе се отвори во текот на февруари. (Фото: СДК.МК)

    Првите денови од новата година бројката на новозаразени во Штип стагнира, а се зголемува бројот на оздравените. По првото новогодшно тестирање регистрирани се четворица новозаразени, а 12 оздравени. Неколку лица кои се чуствувале добро и имале негативен тест биле пуштени на домашно лекување.

    „На Инфективното одделение се хоспитализирани 48 лица со ковид-19. Две лица се наоѓаат на адаптираното Кожно одделние кое пред нова година имаше хоспитализирано 8 лица, а на Кардилошкото одделение кое исто така адаптира неколку простории се сместени 4 пациенти. Нивната здравствена состојба се подобрува“, вели раководителката на одделението Дијана Шишкова.

    Според последните податоци на Министерството за здравство, од регистрираните 166 нови случаи во земјава, во Штип се регистрирани 4 новозаразени . Во првата недела од новата година имало два смртни случаи (59 и 55 години).

    Како што најави министерот за здравство Венко Филипоче при последната посета на Штип, кога модуларната болница ќе се стави во функција новозаразените со ковид-19 ќе се сместуваат таму, а Инфектвиното одделение полека ќе се празни за да може да се изврши планираната реконструкција на целата зграда на ова одделение, за што тендерот веќе е завршен и работите ќе ги изведува конзорциум од четири фирми.

    „Уште пред да се појави пандемијата беше прифатен проектот за целосна реконструкција на зградата на Инфективното одделение која ќе добие нови прозорци и врати, нова фасада со посебни енергетски системи. Средствата се обезбедени од програмата за меѓугранична соработка за што ЕУ предвидува за овој проект на Клиничката болница во Штип околу 200.000 евра. Во втората фаза се планира реконструкција и на Нервното одделение кое се наоѓа на другиот крај од зградата на Инфективно“, вели директорот на Клиничката болница Ален Георгиев.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира