ОД КИНО „МАНАКИ” ИЗБРИШАНИ БЕЛЕЗИТЕ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    ОД КИНО „МАНАКИ” ИЗБРИШАНИ БЕЛЕЗИТЕ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈАКиното „Манаки“ беше обоено лани при протестите на битолчани за оставка на градоначалникот Владимир Талески и повлекување на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов (Фото: СДК.МК)

    Работници по барање на Општина Битола деновиве ја префарбаа фасадата од новото кино „Манаки” во Битола. Со тоа ги избришаа белезите на Шарената револуција кои објектот ги носеше цела една година.

    Фасадата на киното лани за време на протестите на Шарената револуција беше обоена во најразлични бои. Санирани се и украсните орнаменти на фасадата кои наместо од цврст материјал се направени од стиропор.

    Киното се гради четири години, а треба допрва внатре да се опремува. Градоначалникот Владимир Талески порано вети дека ќе го догради до крајот на мандатот кој му истече пролетва.

    Киното беше обоено лани при протестите на битолчани за оставка на Талески и повлекување на аболицијата од Иванов. Истиот ден, шарените го обоија и судот барајќи укинување на притворот за Здравко Савевски од Левица.

    Од објектите кои ги исшара Шаренара револуција со обоени фасади останаа само уште судовите и обвинителството во Битола.

    Општината пред повеќе месеци со боја ги покри трагите на бојата и јајцата со кои денови беше гаѓана.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира