ОД ОВОЈ ВИКЕНД СЕ ВОВЕДУВА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ОД ТЕТОВО ДО ПОПОВА ШАПКА

    ОД ОВОЈ ВИКЕНД СЕ ВОВЕДУВА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ОД ТЕТОВО ДО ПОПОВА ШАПКАЛинијата ќе работи само за викендите додека трае зимската сезона (Фото: СДК.МК)

    За да се избегне хроничниот недостаток на паркинг места на Попова Шапка во екот на зимската сезона, јавното претпријатие „Тетово транспорт“ од 27 јануари воведува автобуска линија од Тетово до Попова Шапка. Таа ќе работи само за викендите додека трае зимската сезона.

    Автобусите од Тетово кон Попова Шапка ќе тргнуваат во 8:30, 11:00, 14:00 и 17:00 часот, а од Попова Шапка кон Тетово од 9:30, 12:30, 15:30 и 18:30 часот.

    Со оваа новина се очекува да се избегнат колони паркирани возила по патот до Попова Шапка кои понекогаш беа долги и по неколку километри.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира