ОД ПАРКИРАЊЕТО НА ВОДНО СОБРАНИ 90.000 ЕВРА, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ЌЕ СЕ ВЛОЖАТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРА

    ОД ПАРКИРАЊЕТО НА ВОДНО СОБРАНИ 90.000 ЕВРА, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ЌЕ СЕ ВЛОЖАТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАГрад Скопје пред две години воведе зонско паркирање на паркингот на Средно Водно. (Фото: Град Скопје)

    Околу 90.000 евра се наплатени досега од зонското паркиралиште на Водно. Со цел да се спречи паркирањето на возила низ планината и да се дeстимулираат граѓаните да одат со возила на планината, Град Скопје пред две години воведе зонско паркирање на паркингот на Средно Водно. Првиот час паркирањето чини 100 денари, а секој нареден 50.

    Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека парите од паркирањето ќе бидат наменети за подобрување на инфраструктурата на Водно.

    Шилегов денеска заедно со чешкиот амбасадор во земјава Мирослав Томан го најавија проектот за мапирање на планините во Скопје. На Водно се поставени 42 патокази и 6 информативни табли, а 12 патокази и 2 информативни табли ќе има на Скопска Црна Гора.

    „Целта е на граѓаните на Скопје и на посетителите на Водно да им помогнеме со поставување на нова и квалитетна сигнализација, а движењето да го направиме полесно, поедноставно и попрегледно. Веќе знаете дека овде на Водно ја направивме првата нагорна планинска велопатека, во постапка сме на формирање на уште две велопатеки, со што Водно го ставаме на туристичката мапа на градот. Очекувам дека со овие подготовки што сега ги правиме, по завршувањето на пандемијата кога граѓаните, но и туристите, ќе почнат да се движат ќе успееме Скопје и Водно да ги направиме атрактивни за посетителите“, рече градоначалникот Шилегов.

    К. СЕЛАМОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира