ОД ПАРКИРАНИ КОЛИ НЕ МОЖЕВМЕ ДА СТАСАМЕ ДО ЗГРАДАТА КОЈА ГОРЕШЕ, ВЕЛИ КОМАНДАНТОТ НА ПОЖАРНА ВЛАДИМИР СИМОНОВСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КИСЕЛА ВОДА

    ОД ПАРКИРАНИ КОЛИ НЕ МОЖЕВМЕ ДА СТАСАМЕ ДО ЗГРАДАТА КОЈА ГОРЕШЕ, ВЕЛИ КОМАНДАНТОТ НА ПОЖАРНА ВЛАДИМИР СИМОНОВСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КИСЕЛА ВОДАПожарнкарите евакуирале седум станари меѓу кои две деца. Меѓу нив имало и стари и болни лица кои ги симнувале на раце.-Архивска фотографија. (Фото: СДК.МК)

    Како и низ цело Скопје и при вчерашниот пожар во Кисела Вода пожарникарите едвај стасале до зграда од паркирани коли. Возилата за гасење на пожари на Бригадата за противпожарна заштита дури откако дошла пајак службата стигнала до зградата за да го гаси пожарот.

    „Во тешки услови успеавме да го изгасиме пожарот и да не дозволиме да се прошири. Никој од граѓаните и покрај сирените на возилата не ги тргаа возилата. Откако успеавме со интервенција на пајак службата да обезбедиме пристап, работевме во тешки услови. Станува збор за стара зграда без прозорци меѓу катовите по затоа имаше многу чад. Интервениравме со 11 возила и 30 пожарникари. На едно возило се скрши пумпата за вода, но тоа не влијаеше врз работата, успешно ги евакуиравме сите станари и не дозволивме пожарот да се прошири“, вели Владимир Симоновски, командант на скопската Пожарна.

    Пожарникарите евакуирале седум станари меѓу кои две деца. Меѓу нив имало и стари и болни лица кои ги симнувале на раце.

    „На сите станари прво им облековме заштитни униформи, им ставивме маски и ги симнувавме по скалите. Откако завршивме со евакуирање на граѓаните, ги спасувавме и домашните миленици, една мачка и едно куче“, вели Симоновски.

    Во пожарот вчера повредени беа четворица пожарникари и четворица станари. Тројца пожарникари вдишале чад а еден се здобил со изгореници. Како што велат од Пожарна сите нивни вработени се во добра здравствена состојба.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари