ОД ШТИП ЌЕ ИМА 4 ПРАТЕНИЦИ, ОД КОИ 2 ОД ВМРО-ДПМНЕ, И ПО ЕДЕН ОД СДСМ И ЛЕВИЦА

    ОД ШТИП ЌЕ ИМА 4 ПРАТЕНИЦИ, ОД КОИ 2 ОД ВМРО-ДПМНЕ, И ПО ЕДЕН ОД СДСМ И ЛЕВИЦАВо Шти има најмногу освоени мандати од градовите во исторчна Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Од градовите во Источниот Плански Регион на парламентарните избори најмногу пратенички места освои Штип, четворица пратеници и тоа Никола Мицевски и Душко Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, потоа досегашниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски од СДСМ и Борислав Крмов од Левица на кого ова ќе му биде втор пратенички мандат.

    Од сите споменати, рекордер со пратенички мандати е Никола Мицевски, кој во Парламентот беше три мандати и како досегашен координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поради искуството многумина го сметаат за еден од главните кандидати за претседател на Собранието.

    Во третата Изборна единица се избрани 20 пратеници. Со 96.546 гласови најмногу пратеници оствари ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 14 мандати и тоа Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Никола Коњановски, Благица Ласкова, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојкоска, Емил Спасовски и Драгана Арсовска.

    Од СДСМ и Коалицијата за европска иднина пратенички мандати обезбедија Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски и Благој Бочварски, кои освоија вкупно 33.605 гласови. Од оваа изборна единица по еден пратенички мандат добија, Павле Арсовски од ЗНАМ и Борислав Крмов од Левица.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира