ОД ВТОРНИК И АРМИЈАТА ЌЕ ПОМАГА ВО ВЕЛЕС ВО ОДРЖУВАЊЕТО НА РЕДОТ

    ОД ВТОРНИК И АРМИЈАТА ЌЕ ПОМАГА ВО ВЕЛЕС ВО ОДРЖУВАЊЕТО НА РЕДОТСе очекува дека ќе има голема навалица на граѓани пред банките, пред маркетите, пред пошта, пред пазар, затоа за запазување на редот ќе биде ангажирана војската за асистенција, рече градоначалникот Аце Коцевски. (Фото: СДК.МК)

    Општинскиот кризен штаб на Велес ја прифатил понудата на Републичкиот штаб и во вторник Армијата ќе биде по улиците на Велес, најави на прес-конференција градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

    „Во очекување на зголемена фреквенција на луѓе, по продолжениот полициски час, прифативме во вторник во Велес да бидат претставници на Армијата. Ова е по искуствата кои ги имавме по минатонеделниот викенд  полициски час. Се очекува дека ќе има голема навалица на граѓани пред банките, пред маркетите, пред пошта, пред пазар, затоа за запазување на редот ќе биде ангажирана војската за нивна асистенција. Не сакаме да се поништи ефектот од изолацијата од долгиот велигденски полициски час“, изјави градоначалникот Коцевски.

    Освен војската, во вторник во запазување на редот во градот ќе се вклучат и полицијата, пожарникарите, вработени во општината и од Јавното комунално претпријатие „Дервен“.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира