ОЏАЧАРИ ОД СКОПЈЕ И НИРНБЕРГ ЗАЕДНО ГИ ЧИСТАТ ОЏАЦИТЕ ВО СКОПСКИТЕ КУЌИ

    ОЏАЧАРИ ОД СКОПЈЕ И НИРНБЕРГ ЗАЕДНО ГИ ЧИСТАТ ОЏАЦИТЕ ВО СКОПСКИТЕ КУЌИПроектот е финансиран од Министерство за економска соработка и развој на Германија. (Фото: Град Скопје)

    Oџачари од германскиот град Нирнберг деновиве заедно со скопските колеги ги чистат оџаците во Скопје. Станува збор за проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“ меѓу збратимените градови, а е финансиран од Министерство за економска соработка и развој на Германија.

    „Целта на проектот е да се тестира систем за намалување на емисиите од приватните домаќинства во една пилот-област во Скопје. Активностите се фокусирани на подобрување на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во Скопје, преку намалување на емисиите од приватните домаќинства, како и да се спроведе кампања за промовирање на значењето на професијата оџачар од аспект на заштитата на здравјето на граѓаните и заштита на амбиентниот воздух“, вели Град Скопје.

    Градот и годинава доделуваше субвенции на граѓаните за чистење на оџаци во висина од 1.200 денари. Од буџетот за 2020 за оваа мерка беа предвидени 2 милиона денари или вкупно средства за доделување на околу 1.660 субвенции, а пристигнаа само 470 барања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира