ОДЛОЖЕН СТАРТОТ НА СЕЗОНСКИОТ ВОЗ ОД БЕЛГРАД И ОД СОЛУН ШТО ТРЕБАШЕ ДА ВОЗИ ОД ДЕНЕС

    ОДЛОЖЕН СТАРТОТ НА СЕЗОНСКИОТ ВОЗ ОД БЕЛГРАД И ОД СОЛУН ШТО ТРЕБАШЕ ДА ВОЗИ ОД ДЕНЕССтартот на возниот ред е одложен поради засега затворените граници и состојбата со КОВИД-19. (Фото: СДК.МК)

    Нема да вози меѓународниот воз од Белград за Солун и обратно, кој требаше да почне да сообраќа од денес. Така одлучиле трите компании, Македонски железници АД Транспорт, Србија воз од Србија и Траиносе од Грција, соопшти Македонски железници. Причината се засега затворените граници и состојбата со КОВИД-19.

    „Бидејќи во моментот не постојат услови за непречен проток на патници кои би патувале со возовите на релација Белград-Скопје-Солун-Белград, во координација со Србија воз и Траиносе, се одложува почетокот на сообраќај на овие возови до усогласување на ставовите на железничките управи на превозниот пат и создавање на услови за непречен сообраќај“, се вели во соопштението на Македонски железници.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари