ОГНОМЕТИТЕ ВО ВЕЛЕС СЕ ГЛАВНО НЕЛЕГАЛНИ И НЕПРИЈАВЕНИ

    ОГНОМЕТИТЕ ВО ВЕЛЕС СЕ ГЛАВНО НЕЛЕГАЛНИ И НЕПРИЈАВЕНИПо закон, секој огномет треба да биде изведен од стручни лица, да се ангажира специјализирана фирма и да се извести полицијата и противпожарната служба за изведувањето. (Фото: СДК.МК)

    Повеќето од огнометите кои често ги има во Велес се непријавени. Ова го кажа командирот на Полициската станица Велес Александар Костов, одговарајќи на советничко прашање, при разгледувањето на работата на станицата во првите шест месеци годинава. На прашањето дали и колку се почитува законската обврска за огнометите, Костов кажа дека велешани пиротехниката ја користат, но не ја пријавуваат.

    „Законска обврска е огнометите да се пријават. Ги извршува фирма која е овластена. Најголем дел од тие што се случуваат во градот не се пријавени. Траат кратко 5-6 минути и додека екипата отиде на терен, тој завршил и не може да се најде сторителот. Тоа се родендени, приватни забави. Огнометите од свадби се пријавуваат. Досега немало проблем при користење огномет, со пожар или слично. Сепак, најголем дел од огнометите се непријавени“, кажа Костов.

    Законските одредби предвидуваат дека секој огномет треба да биде изведен од стручни лица, да се ангажира специјализирана фирма и да се извести полицијата и противпожарната служба за неговото изведување.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира