ОГРОМЕН ПРИТИСОК ВРЗ КОВИД-АМБУЛАНТИТЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

    ОГРОМЕН ПРИТИСОК ВРЗ КОВИД-АМБУЛАНТИТЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦАДо вчера, во Битола се активни 1.261 болен, најмногу после Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Голем е бројот на бони кои бараат преглед и лекарска помош во ковид-амбулантите во Клиничката болница во Битола. За едно деноноќие, во двете амбуланти биле извршени 173 прегледи на сомнителни и позитивни пациенти на ковид-19,  а 250 заразени побарале да им се направат анализи во лабораторија. Според вчерашната статистика на Министерството за здравство, во Битола се активни 1.261 болен, најмногу после Скопје.

    „Состојбата во Битола станува алармантна, посебно во последната седмица. До 11 јануаруи имавме 1.261 активни позитивни случаи. Тоа навистина врши голем присток врз Ковид-центарот. Огромен е притисокот врз ковид-амбулантите и невозможно е да се постигне во едно деноноќие сите пациенти да се прегледаат. Бројот на хопситализации, пак, не е голем. Во моментов има 23 лежечки пациенти и 22 дневно примаат терапија болнички“, рече Билјана Гагачовска, директорка на Клиничка болница Битола.

    Таа апелира до граѓаните и матичните лекари да се врши проценка кои заболени е потребно да се упатат на преглед, зашто ова се огромни бројки кои повлекуваат не само човечки, туку и материјални ресурси.

    „Пациенти кои се позитивни, а немаат симптоми, нема потреба секојдневно да доаѓаат бидејќи се создаваат огромни гужви, а капацитетите ни се тие. Не може да се доведеме во ситуација повторно да го затвориме редовното работење на болницата, бидејќи сите останати пациенти, оние со хроинични и со акутни болести, имаат потреба да го добиваат потребниот треман’’,  вели Гагачовска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира