ОХРИД И ДЕБРЦА ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ КОЈ ПРАВИ ПОУБАВО ЃОМЛЕЗЕ

    ОХРИД И ДЕБРЦА ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ КОЈ ПРАВИ ПОУБАВО ЃОМЛЕЗЕВо недела дваесетина жителки од сите села на Општина Дебрца, со своите реквизити – сач и пирустија, како и другите потребни садови и алатки, ќе готват ѓомлезе според личен рецепт; - Од манифестацијата „Охридска софра“ (Фото: Општина Охрид)

    Охрид и селото Годивје во Дебрца летово ќе се натпреваруаат кој ќе направи поубаво ѓомлезе и кој ќе привлече повеќе натпреварувачки и посетители. В недела, дваесетина жителки од сите села на Општина Дебрца, со своите реквизити – сач и пирустија, како и другите потребни садови и алатки, ќе зготват ѓомлезе според личен рецепт, додека организаторот обезбедува брашно, зејтин, сол и дрва. Во дегустацијата,  оценувањето и избирањето на победници за најдобро направено ѓомлезе ќе учествуваат сите посетители, по што следи доделување на наградите за прво, второ и трето место.

    „Се отвора уште една манифестација ‘Ѓомлезијада’, во селото Годивје, токму на просторот за кој некој наумил да гради регионална депонија. Во 8 часот наутро, манифестацијата започнува со  правење  на  народниот, локален, специјалитет ѓомлезе, меѓу населението познато јадење и како тури-потпечи. Манифестацијата е од натпреварувачки карактер. За целото време, гостите ќе ги забавуваат фолклорни групи”, рекоа организаторите на манифестацијата.

    Во Охрид, манифестација „Охридска софра“ за готовење традиционални јадења, меѓу кои ѓомлезето правено под сач, се одржува речиси една деценија. Најпрво  се организираше во селото Велестово, а од 2013 во август во селото Скребатно.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари