ОХРИД ЗАСАДИ 25 ДРВЈА ЗА ДА СИ ГО ПРОЧИСТИ ВОЗДУХОТ

    ОХРИД ЗАСАДИ 25 ДРВЈА ЗА ДА СИ ГО ПРОЧИСТИ ВОЗДУХОТДваесет и петте дрвја се засадени крај пешачката патека покрај каналот Студенчишта (Фото: СДК.МК)

    Во Охрид се засадени 25 дрвја од видот ликвидамбар, кои ќе го чуваат градот од аерозагадување, а кои масовно се садат низ цела Европа.

    „Познато е дека дрвјата имаат моќ да го прочистуваат воздухот, но овој вид дрво, што се сади низ цела Европа, е посебно отпорно на аерозагадување и е одличен чистач на воздухот. Ликвидамбар е исклучително декоративно и парковско дрво кое има брз раст и формира широка правилна пирамидална крошна, која може лесно да се реже и обликува. Листот е со темнозелена боја, што наесен преминува во жарко-црвена”, појаснува Стефчо Маслов, раководитела на „Јавна хигиена” при „Охридски комуналец”.

    Дваесет и петте дрвја се засадени крај пешачката патека покрај каналот Студенчишта.

    Во изминатиот месец, во Охрид во неколку наврати беше регистрирана зголемена загаденост, што е нова појава за овој крајезерски град.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари