ОХРИДСКИОТ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИК, КАРДИОЛОГОТ БАКРАЧЕСКИ, ЌЕ РАБОТИ ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА

    ОХРИДСКИОТ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИК, КАРДИОЛОГОТ БАКРАЧЕСКИ, ЌЕ РАБОТИ ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦАЕксградоначалникот на Охрид, кардиологот Никола Бакрачески ќе доаѓа неколку дена неделно во Струмица за да врши стентирање при акутен инфаркт и коронографии на крвните садови (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот охридски градоначалник Никола Бакрачески, ќе работи во струмичката болница на одделот за интервентна кардиологија. Ќе доаѓа неколку дена неделно во Струмица за да врши стентирање при акутен инфаркт и коронографии на крвните садови. На тој начин, повторно ќе се реактивира aнгиосалата во струмичката болница, каде своевремно доаѓаа каридолози од Србија. Бакарачески, кој изврши неколку интервенции, потврди дека ќе работи во струмичката болница врз основа на договорот за соработка меѓу оваа болница и Заводот за каридоваскуларни заболувања од Охрид, инициран од министерот за здравство Венко Филипче.

    „Овој договор предвидува наш повремен престој во струмичката болница, за дијагностика и третман на коронографски артериски болести на пациентите од Југоистокот, со персоналот кој работи на одделот за интервентна кардиологија вклучувајки ги специјалистите интернисти кои во наредниот период ќе се едуцираат’’, кажа Бакрачески, кој смета дека ангиосалата во струмичката болница ги има сите предуслови за да биде кардиоинтервентен центар во Југоистокот.

    „Оваа сала е направена според потребните стандарди и дава одлични предуслови за воведување перманентна коронографија, односно за развој на мрежата за интервенции на актуен миокардитен инфаркт во Југоистокот и да не се упатуваат пациентите од овој регион во Скопје“, рече Бакарачески.

    За три години низ ангиосалата во Струмица, која последните месеци од 2017 не работеше оти немаше кардиолози, поминале околу 860 пациенти, од кои кај 360 им се ставени стентови, а 185 биле третирани од акутен миокарден инфаркт. Освен Бакрачески, на одделот за интервентна кардиологија во Струмица ќе доага и кардиологот Сашко Николов од клиничката болница во Штип, со цел да има постојана дијагностика и третман на пациентите од југоисточна Македонија, рече директорот на струмичката болница Наќе Гогов.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира