ОХРИДСКИОТ СОВЕТНИК НА ДУИ НЕФИ УСЕИНИ СО МЕРКА ПРИТВОР Е ВО БЕГСТВО, УШТЕ НЕМА ПОТЕРНИЦА ПО НЕГО

    ОХРИДСКИОТ СОВЕТНИК НА ДУИ НЕФИ УСЕИНИ СО МЕРКА ПРИТВОР Е ВО БЕГСТВО, УШТЕ НЕМА ПОТЕРНИЦА ПО НЕГОПритвор за браќата Усеини е побаран и одреден поради опасност пак да го нападнат Топалоски, да влијаат врз сведоците и доказите и поради опасност од бегство. Последниот услов тие веќе го исполнуваат; - - Од отворањето на пицеријата на Нефи Усени во центарот на Охрид. (Фото: Фејсбук)

    Советникот од ДУИ во Општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат Ибро не може да ги најде полицијата, откако обвинител отворил истрага и побарал мерка притвор од осум дена за двајцата.

    „Полицијата прави напори да ги лоцира двете лица, но тие се уште не се најдени“, изјавија од СВР Охрид за САКАМДАКАЖАМ.МК .

    Браќата Усеини се бараат за вооружен напад врз нивниот сограѓанин Спире Топалоски, настан кој се случил завчера пред неговото малолетно дете на паркингот пред хотел во центарот на Охрид, а со оружјето го удирале по главата и тилот.

    На официјалната страна на МВР нема податок дека против Нефи и брат му е распишана домашна или меѓународна потерница. Притвор е побаран поради опасност пак да го нападнат Топалоски, да влијаат врз сведоците и доказите и поради опасност од бегство. Последниот услов тие веќе го исполнуваат.

    Судија на претходна постапка веќе го одредил притворот. Мерката ќе се реализира кога тие ќе бидат пронајдени.

    Очевидци, гости на хотелот за САКАМДАКАЖАМ. МК завчера по тепачката кажаа дека Усеини заедно со неколку лица претпладнето го нападнал С.Т. на паркингот, а потоа тепачката продолжила и внатре во хотелот, кој бил полн со гости. Гостите во паника бегале за да не настрадаат во тепачката, се криеле зад шанкот и рецепцијата, па што вратените повикале полиција. Како што кажуваа очевидци, низ целиот хотел имало траги од крв.

    Ова не е прв инцидент во кој учествувал советникот Нефи Усеини, но Обвинителството му нема поднесено обвинение за ниту еден досега.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира