ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗАПЛЕНИ ЕДЕН ТОН ГУМИ КОИ СЕ КОРИСТЕЛЕ ЗА ГРЕЕЊЕ

    ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗАПЛЕНИ ЕДЕН ТОН ГУМИ КОИ СЕ КОРИСТЕЛЕ ЗА ГРЕЕЊЕВо т.н. ромско маало на улицата Методија Андонов-Ченто, пред бензинската пумпа „Макоил“, инспекторите пронашле купишта гуми, кои жителите ги користеле за огрев, што доведува до загадување на воздухот.(Фото: Општина Гази Баба)

    Инспекторите за животна средина на Општина Гази Баба запленија еден тон отпадни гуми во населбата Ченто, кои се користеле за греење.

    Во т.н. ромско маало на улицата Методија Андонов-Ченто, пред бензинската пумпа „Макоил“, инспекторите пронашле купишта гуми, кои жителите ги користеле за огрев, што доведува до загадување на воздухот.

    „Општина Гази Баба продолжува со мерки за зачувување на животната средина. Гумите се наоѓаа во дворовите на граѓаните, беа палени на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина. Ова е втора акција каде се запленуваат отпадни гуми, претходно Општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на Град Скопје, Јавното комунално претпријатие ‘Гази Баба 2007‘ и МВР заеднички учествуваа во акција на дивата депонија во Вардариште каде беа запленети исто така еден тон стари и уништени гуми“, велат од Општина Гази Баба.

    Од Општината додаваат дека вакви акции на инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период кои континуирано ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата.Апелираат сите граѓани да пријават палење на огнови или опожарување на јавни површини на бројот 193 за да можат инспекторите да интервенираат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира