ОПШТИНА КАРПОШ СО ТЕЧНОСТ ГИ ПРСКА УЛИЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЗАМРЗНАТ ПО НАЈАВИТЕ ЗА ВРНЕЖИ ОД СНЕГ

    ОПШТИНА КАРПОШ СО ТЕЧНОСТ ГИ ПРСКА УЛИЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЗАМРЗНАТ ПО НАЈАВИТЕ ЗА ВРНЕЖИ ОД СНЕГСо прскалки се распрскува емулзиона течност на улиците во Жданец, Тафталиџе и Бардовци.(Фото:Општина Карпош)

    Општина Карпош ги прска улиците со специјална течност за да не замрзнат по најавите за врнежи од снег попладнево. Со прскалки се распрскува таканаречена емулзиона течност и тоа на повисоките места во општината како што се улиците во Жданец, Тафталиџе и Бардовци.

    „Оваа течност ја тестиравме лани во февруари и се покажа како доста успешна. Спречува снегот да се наталожи и замрзне односно веднаш штом ќе падне го топи. Исто така спремна е и зимската служба на Општината односно подготвена е потребната количина сол, како и екипи кои ќе работат на расчистување на снегот од јавните површини. Апелираме до граѓаните и фирмите навремено да ги исчистат пристапите и деловите околу нивните објекти“, велат од Општина Карпош.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХР) за попладнево најавуваат врнежи од снег во скопската котлина.

    „Времето денеска ќе биде претежно облачно, во попладневните и вечерните часови ќе има повремен слаб дожд кој во делови од котлината ќе преминува во снег. Утре ќе биде променливо облачно и студено, а попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми“, велат од УХР.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира