ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ГО ЗАТВОРИ ГОРНИОТ КАТ ОД ГАРАЖАТА ПО КРАЖБАТА НА СТОЛБОВИ

    ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ГО ЗАТВОРИ ГОРНИОТ КАТ ОД ГАРАЖАТА ПО КРАЖБАТА НА СТОЛБОВИЖителите велат дека затегите и столбовите најверојатно се крадат за да се употребат за затегнување плугови за трактори (Фото: СДК.МК)

    Општина Кавадарци денеска ја осуди кражбата на делови од монтажната катна гаража во строгиот центар на градот и го затвори за употреба горниот дел како небезбеден. Со кражбата, како што велат од локалната самоуправа, арамиите за ситна корист уништувајќи јавно добро направија штета која може да предизвика несакани последици по граѓаните корисници на модуларниот паркинг.

    Општината вели дека по добиена информација од граѓани вчера попладне за кражба на затегнувачи на модуларниот паркинг над „Паркот на Револуцијата“, веднаш се превзеле мерки за прибирање податоци. Денеска надлежните служби за комунални работи и сообраќај извршиле увид на самото место, при што констатирале кражба на 5 затегнувачи, како и оштетување на металната конструкција која ги држи носечките столбови за горната платформа.

    „Во исто време, Општината го контактираше и изведувачот на работите на модуларниот паркинг, кој треба исто така да изврши увид во оштетувањето и да посочи натамошни мерки за санирање на состојбата со нарушената конструкција. Од неговиот увид ќе зависи до кога горната платформа на паркингот ќе биде затворена за паркирање“, велат од Службата за односи со јавноста на локалната самоуправа.

    Општината Кавадарци веднаш после увидот, направила записник и информација за извршената кражба, по што ги испратила до надлежните полициски органи за понатамошна постапка.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира