ОПШТИНА КАВАДАРЦИ И ВЛАСТА НЕ ИМ ОДДАДОА ПОЧИТ НА БОРЦИТЕ ПРОТИВ ФАШИЗМОТ

    ОПШТИНА КАВАДАРЦИ И ВЛАСТА НЕ ИМ ОДДАДОА ПОЧИТ НА БОРЦИТЕ ПРОТИВ ФАШИЗМОТНа денешното одбележување на 74 години од формирањето на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов” се поклонија само претставници на здруженијата на борци од Кавадарци и Неготино, меѓу кои и еден преживеан борец (Фото: СДК.МК)

    Немаше претставници на Општина Кавадарци и на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот Совет, да положат цвеќе и да им оддадат почит на тиквешките борци во НОБ и антифашистичката војна, на денешното одбележување на 74 години од формирањето на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”. Пред  спомен-костурницата во Градскиот парк се поклонија само претставници на здруженијата на борци од Кавадарци и Неготино меѓу кои и еден преживеан борец,  како и претставници на СДСМ, меѓу кои и двајца советници во советот од оваа партија. Почит оддадоа и историчарите Петре и Мики Камчевски и уште неколкумина други граѓани. Градоначалник на Кавадарци е Александар Панев од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од Здружението на борци од Кавадарци рекоа дека не знаат зошто на одбележувањето не дошле претставници на Општината и власта. Нагласија дека ја известиле локалната самоуправа за денешниот настан.

    Историски час за формирањето на одредот одржа историчарот Петре Камчевски кој е и директор на Кавадаречкиот музеј. Тој, меѓу другото, нагласи дека станува збор за една од најголемите и најборбените партизански единици во периодот на антифашистичката борба во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира