ОПШТИНА КУМАНОВО ЌЕ КУПУВА ДРОН ЗА 3.500 ЕВРА, ЌЕ ГО ЛЕТААТ ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ

    ОПШТИНА КУМАНОВО ЌЕ КУПУВА ДРОН ЗА 3.500 ЕВРА, ЌЕ ГО ЛЕТААТ ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИДронот ќе служи за откривање на комунални проблеми, односно со него ќе се лоцираат дивоградби, диви депонии, фрлање смет на јавни површини и други аномалии, велат од Од Кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски (Фото: СДК.МК)

    Општина Куманово денеска распиша оглас за прибирање на понуди за набавка на беспилотно летало дрон со дополнителна опрема. Како што стои во објавата, беспилотното летало се набавува за потребите на Општина Куманово, а проценетата вредност е 200.000 денари без ДДВ.

    Од Кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски велат дека дронот ќе служи за откривање на комунални проблеми, односно со него ќе се лоцираат дивоградби, диви депонии, фрлање смет на јавни површини и други аномалии.

    „Бидејќи Општина Куманово зафаќа голема површина и не може физички да се покрие, за да се добие целосна слика за одредени работи ќе се користи снимка од воздух“, велат од Кабинетот на градоначалникот.

    Дронот ќе го ракуваат двајца вработени, кои предходно ќе поминат обука за управување со беспилотното летало.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира