ОПШТИНА ШТИП ОДОБРИ 16.000 ЕВРА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА

    ОПШТИНА ШТИП ОДОБРИ 16.000 ЕВРА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКАВо пожарот во кочанската дискотека загинаа и петмина штипјани. (Фото: СДК.МК)

    Општина Штип ќе додели милион денари (околу 16.000 евра) помош за семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, одлучеи едногласно Советот. Според образложението, средствата ќе бидат ставени во солидарниот фонд за Кочани на Црвениот крст, а општинскиот солидиран фонд и натаму да биде отворен и наменет за помош на настраданите во трагедијата, во која загинаа петмина штипјани, меѓу кои двајца средношколци, како и тројца млади музичари кои учествуваа во концертот на групатат ДНК.

    Во пожарот во нелегалната дискотека за време на концертот на ДНК загинаа 59 млади луѓе, од кои 6 деца, а беа повредени 197 од кои 25 деца. Вкупниот број на осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички, три правни лица и против седум полициски службеници од СВР Штип и Полициската станица (ПС) Кочани кои давале позитивни мислења за неисправниот објект да добие дозвола од Министерството за економија. Во 30-дневен притвор се 31 осомничен, меѓу кои и тројца градоначалници на Кочани, како и групата од 7 инспектори и началници од СВР Штип и од ПС Кочани.

    Советот на Општина Штип донесе одлука за солидарна помош на повеќе поединци од Штип за реализација на нивни дела и на општествени организации за релизација на планирани одбележувања на значајни датуми. Беше речено дека одлуката е донесена во овој период по седумдневната жалост, но и поради неможноста за одржување седница во општинската зграда чија сала се реновира, па денешната седница се одржа во хотелска сала во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира