ОПШТИНА ТЕТОВО БАРА ОДЛУКАТА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКА ДА СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ЗАТВОРЕНИ ПРОСТОРИ

    ОПШТИНА ТЕТОВО БАРА ОДЛУКАТА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКА ДА СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ЗАТВОРЕНИ ПРОСТОРИСпоред бројот на заразени лица во Општина Тетово, сметаме дека ваквата мерка е непотребна, вели градоначалничката Теута Арифи (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, смета дека е претерана мерката сите граѓани кои излегуваат од дома да носат заштитна маска и побара мерката да се допрецизира и да важи само за затворени простори, како маркети, банки, продавници и институции. Оваа препорака се очекува во текот на денот да биде и усвоена.

    „Сметаме дека мерката за ограничување на организиран превоз од и кон Тетово помага да се намали можноста за комуникација помеѓу повеќе луѓе на мал простор. Оваа мерка ќе биде стриктно почитувана. Според наши информации, најголем број од заразените се резултат на комуникација, а има многу малку донесени случаи од други места“, кажа Арифи.

    Во Тетово и околните општини се регистрирани три нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка порасна на 60, од кои Општина Тетово има 21 заразен, Општина Боговиње 24, Општина Теарце 5, Општина Брвеница 4, Општина Јегуновце четири и Општина Желино два случаја.

    Што се однесува до предлогот граѓаните на Тетово задолжително да носат заштитна маска при излегување од дома, кризниот штаб на Општина Тетово побара од Владата мерката да се однесува само на затворени простори.

    „Според бројот на заразени лица во Општина Тетово, сметаме дека ваквата мерка е непотребна и ќе биде дополнителен трошок за граѓаните. Известени сме дека ова барање е прифатено од Комисијата за заразни болести и ќе биде одобрено од Владата“, вели Арифи.

    Таа посочи дека во изолација има 204 лица, како и 62 во државен карантин на Попова Шапка. Според директорот на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, во градот има две лица на болничко лекување, а уште три лица оздравеле.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира