Општина Центар утрово почна со уривање на диво изградено поткровје во населбата Буњаковец, во зградите спроти Градежен факултет. Како што велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ, лицето без никаква дозвола си направило уште еден стан над зградата.
„Откако сам не ја отстрани дивоградбата пристапивме ние кон уривање“, велат од Општина Центар.
Општина Центар пред две недели почна со акција на отстранување на дивоградби во кои решенија се донесени за 18 објекти.
А. АНТЕВСКА