ОПШТИНА ЦЕНТАР УРИВА ДИВО ПОТКРОВЈЕ ВО БУЊАКОВЕЦ, СИ НАПРАВИЛ УШТЕ ЕДЕН СТАН БЕЗ ДОЗВОЛА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР УРИВА ДИВО ПОТКРОВЈЕ ВО БУЊАКОВЕЦ, СИ НАПРАВИЛ УШТЕ ЕДЕН СТАН БЕЗ ДОЗВОЛАЛицето без никаква дозвола си направило уште еден стан над зградата.(Фото:СДК.МК)

    Општина Центар утрово почна со уривање на диво изградено поткровје во населбата Буњаковец, во зградите спроти Градежен факултет. Како што велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ, лицето без никаква дозвола си направило уште еден стан над зградата.

    „Откако сам не ја отстрани дивоградбата пристапивме ние кон уривање“, велат од Општина Центар.

    Општина Центар пред две недели почна со акција на отстранување на дивоградби во кои решенија се донесени за 18 објекти.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира