ОПШТИНА ЦЕНТАР УРИВА ДИВОГРАДБА ИЗГРАДЕНА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ НА УЛИЦА ЖЕЛЕЗНИЧКА ВО СКОПЈЕ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР УРИВА ДИВОГРАДБА ИЗГРАДЕНА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ НА УЛИЦА ЖЕЛЕЗНИЧКА ВО СКОПЈЕНа објектот е изведен одвод и на диво од соседната бандера е приклучен на струја. (Фото: Општина Центар)

    Екипи од Општина Центар денеска почнаа со уривање на дивоградба изградена на државно земјиште на улицата Железничка, до кафеаната „Љуц“ во Скопје. Станува збор за објект од околу 50 квадратни метри, изграден од стакло со намера да биде дуќан, кој е направен за неколку дена. Исто така на објектот е изведен одвод и на диво од соседната бандера е приклучен на струја.

    Инспекторите на Општина Центар велат дека немаат податоци кој го гради објектот, оти на лице место не затекнале никого и пријавата ќе се води кон непознато лице.

    Сите диво поставени објекти, доградби тераси, платформи без одобрение ќе бидат отстранети. Апелирам до граѓаните да не си ги трошат парите на инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка. Денеска се отстранува овој објект, но и други нелегално изграден објекти, како дрвена платформа и челична настрешница на улица Црвена Вода близу Броз кафе, и метална врата на улица Мајаковски близу пекарата Силбо во Дебар Маало која беше поставена на државно земјиште“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

    Како што велат од Општината, акцијата ќе продолжи и утре.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира