ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ ДАВА ПОД НАЕМ ЛОКАЦИИ ЗА ПЛАЖИ И ШАНКОВИ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ, ЌЕ ПРОДАВА И ПАРЦЕЛИ ЗА ХОТЕЛИ И КАМПОВИ

    ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ ДАВА ПОД НАЕМ ЛОКАЦИИ ЗА ПЛАЖИ И ШАНКОВИ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ, ЌЕ ПРОДАВА И ПАРЦЕЛИ ЗА ХОТЕЛИ И КАМПОВИСо поштинската програма е предвидено да се продаваат градежни парцели за хотели, мотели, кампови за шатори и приколки покрај Езеро Младост. (Фото: СДК.МК)

    Годинава, Општина Велес ќе продава 38 градежни парцели, а 13  ќе нуди под краткотраен закуп. Ова е одлука на Советот на Општина Велес со која се проценува дека во општинскиот буџет ќе има финансиски прилив од околу 12 милиони денари (околу 195.000 евра).

    Со програмата е предвидено да се продаваат градежни парцели за хотели, мотели, кампови за шатори и приколки покрај Езеро Младост, потоа парцели за станбени куќи, згради во нови урбани блокови, како и парцели за лесна индустрија, стоваришта и сервиси во индустриските зони. Градежните парцели кои ќе се изнајмуваат се покрај Езеро Младост предизвикуваат најголем интерес, иако јавните повици уште не се објавени. Нивната намена е изнајмување на простор со намена за рибарска продавница, изнајмување на плажи и подвижни шанкови на езерото.

    Градежните парцели што се предмет за отуѓување во годишната програма ќе се објавуваат во турнуси и тоа во согласност со намената на земјиштето и локалитетот.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира