ОПШТИНИТЕ ОД СТРУМИЧКО ДА ПОКАЖАТ ДАЛИ ПРАВАТ ИНСПЕКЦИИ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, ПОБАРА „ЗДРАВА КОТЛИНА“ НА ПРОТЕСТОТ ВО СТРУМИЦА

    ОПШТИНИТЕ ОД СТРУМИЧКО ДА ПОКАЖАТ ДАЛИ ПРАВАТ ИНСПЕКЦИИ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, ПОБАРА „ЗДРАВА КОТЛИНА“ НА ПРОТЕСТОТ ВО СТРУМИЦАОд „Здрава котлина“ велат дека постојат инсталации кои загадуваат, а се „невидливи“ за институциите (Фото: СДК.МК)

    Општините со документи да кажат колку, каде и кога имале инспекции против аерозагадувањето, побараа од Здрава котлина на протест во Струмица

    Незадоволни од нефункционирањето на инспекциските органи, активистите од „Здрава котлина“, кои беа најгласни против изградба на рудници, на мирен протест ги повикаа четирите општини од овој регион јавно да кажат врз кои субјекти и инсталации имаат извршено контроли во поглед на емисиите што ги испуштаат. Тие сметаат дека во струмичкиот регион постојат делови кои за локалните власти се „невидливи“ од разни причини.

    „Бараме од општините од струмичката котлина јавно да покажат документи колку, каде и кога имаат извршено инспекции на инсталациите со интегрирана еколошка Б-дозвола и на инсталациите што се под усогласување со оперативниот план. Сите сме свесни дека има инсталации што воопшто не се пријавени и значајно го загадуваат воздухот, а се ‘невидливи‘ за институциите од разни причини. Бараме јавна трибина со градоначалниците на Струмица, Босилово, Ново Село и Василево на тема загадување и нека ги презентираат записниците од досега извршените инспекции, а ние ќе им ги презентираме нашите наоди“, истакна Оливера Аризанова-Мансбарт, активист на „Здрава котлина“.

    Меѓу другото, од општините побараа да најдат начин и средства да се постават најмалку шест нови автоматски мерни станици и да обезбедат три мобилни мерни станици за триангулација на загадувачи кои ќе бидат под локална ингеренција, но со отворени податоци.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира