ОСУМ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ, ПРИВЕДЕНИ И ОПОМЕНАТИ БИТОЛЧАНИ ЗАШТО СЕ ШЕТАЛЕ ВО ВИКЕНД КАРАНТИНОТ

    ОСУМ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ, ПРИВЕДЕНИ И ОПОМЕНАТИ БИТОЛЧАНИ ЗАШТО СЕ ШЕТАЛЕ ВО ВИКЕНД КАРАНТИНОТНа улица во Битола без дозвола за движење во викенд карантинот биле затекнати осумина возрасни битолчани и четири деца, четворица се приведени, а други четворица се опоменати. (Фото: СДК.МК)

    Дванаесет прекршувања на полицискиот час кој трае цел викенд досега се регистрирани на територијата на Општина Битола, соопштија од Битолската полиција. На улица без дозвола за движење биле затекнати осумина возрасни битолчани и четири деца. Четворица се приведени, а други четворица се опоменати.

    Во Прилеп имало едно прекршување на полицискиот час, а во Крушево четири.

    Од вчера до утрово беа поднесени осум кривични пријави против 10 битолчанини за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи во услови на епидемија по член 206 од Кривичниот законик. Уште четири кривични пријави за истото дело биле поднесени во Прилеп за петмина и една кривична пријава во Демир Хисар.

    Од СВР Битола соопштија дека од вчера до денес нема нови случаи со решенија за изолација.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира